Инвестициите во основни средства во земјава лани изнесувале 123,115 милиони денари

 

Вредноста на инвестициите во основни средства во Република Македонија во 2014 година изнесува 123,115 милиони денари, објави Државниот завод за статистика.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2014 во однос на 2013 година изнесува 3,5 отсто.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,7 отсто, машините и опремата со 30,6 отсто, а останатите инвестиции со 6,7 отсто.

Најголема вредност на инвестициите во основни средства реализиранa во Градежништвото 37,8 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 23,5 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 13,5 проценти. 

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега