Делови од Скопје утре без струја: Проверете дали сте на списокот

 


Утре, на 10 јуни, неколку скопски општини ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати. Од електродистрибуцијата информираат дека овие прекини ќе бидат во различни временски интервали и ќе опфатат одредени населени места и улици.

Еве каде и кога утре нема да има струја:

  • Село Бразда: Корисниците на улица 20 ќе бидат без струја од 09:00 до 10:00 часот.
  • Сопиште: Дел од улица 10 и улица 134 ќе немаат електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот.
  • Карпош: Дел од улицата Иван Цанкар ќе биде без струја од 09:00 до 14:30 часот.
  • Ѓорче Петров: Дел од улицата 101 во село Волково ќе има прекин од 11:30 до 15:30 часот.
  • Кисела Вода: Околината на ресторанот Теферич и дел од улицата Мариовска ќе бидат без електрична енергија од 12:00 до 15:00 часот.
09.06.2025 - 21:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега