Невработените на средби со работодавците: Саем за вработување во Велес

 

Во организација на Агенцијата за вработување на Македонија денеска во холот на новата театарска зграда во Велес се одржа Саем за вработување на фирми од Вардарскиот регион.

На Саемот за вработување се претставија 20-тина фирми од Велес, Неготино и Свети Николе, чии претставници на штандви со рекламен материјал  ги информираа неработените лица од Велешко  за можностите за вработување. Воедно, невработените можеа да потполнат и апликација за вработување и да поднесат свое си-ви.

Саемот за враборување во Велес го отвори директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски во придружба на велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Во изјавата за медиумите директорот Поповски оцени  дека овој настан предизвика интерес кај невработените од Велес и оти се надева дека ќе има и конкертни вработувања.

- Се надевам дека и на овој саем ќе се склучат договори за нови вработувања. Воедно  денеска се отвора и новата компанија „Маркарт“ во индустриската зона Караслари каде што исто така ќе има потреба од вработувања. Се надевам дека новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања и намалување на невработеноста, рече Поповски.

Според него, ова е одличен  начин сите невработени директно да се запознаат со компаниите кои нудат работа и да остварат контакт со нив.

Градоначалникот Славчо Чадиев изрази поддршка за организирањето на вакви саеми за вработување и рече дека тие се одлична можност невработените да најдат работа.
 
- Во Велес има квалификувана сила, а тоа се надевам ќе им се допадне и на работодавачите кои нудат работа, рече Чадиев
 
Посочи дека во новата фабрика „Маркарт“ која денеска се отвара првично се вработија 600 невработени  и дека тој број понатаму  ќе се зголемува. Воедно  во Индустриската зона Караслари, Чадиев  најави дека веќе  има интерес за уште две големи инвестиции, што ќе значи и нови вработувања во Велес и поширокиот регион.
 
Поповски, пак, информира дека на претходниот Саем за вработувања во Прилеп на овој начин се вработиле 40 невработени лица.Тој најави дека следниот Саем за вработување ќе се одржи за седум дена.
 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 13:36
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега