Паднал додека работел - тетовчанец итно донесен на скопските клиники

 

Осумдесет и седум годишниот Ќ.С. од Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако вчера околу 7 часот и 30 минути паднал од покрив од висина од околу два и пол метри. Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, старецот доживеал несреќа додека менувал ќерамиди на покривот од неговата стара куќа на улицата „Мурат Бафтијари“. При засега неутврдени околности загубил рамнотежа и паднал на земја. Настанот го забележал сосед кој веднаш викнал Брза помош и полиција. 

Тетовчанецот поради серизоноста на повредите е итно префрлен на скопските клиники.

Полицијата врши увид.

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега