Ставревски: Нема дилема странски или домашни инвеститори - бараме нови работни места
Нема дилема „странски или домашни инвеститори“ – нас ни требаат и едните и другите. Ние требаат добри инвеститори, кои ќе работат според законите и кои ќе отвараат нови работни места, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интрервју за Сител телевизија.
- Во зоните денес работат околу 14.600 лица. Сите тие лице имаат семејства, деца. Со платата што ја земаат во фабриките ги издржуваат нивните семејства и имаат перспектива. Без тие фабрики луѓето ќе немаат перспектива и уште поизразен ќе беше проблемот на сиромаштија и невработеност – истакна Ставрески.
Ставрески рече дека опозицијата постојано ја критикувала Владата прво зошто нема компании во технолошко индустриските зони, а потоа откако почнале да се градат фабрики во технолошко индустриските зони – зошто се прават развојните зони.
- Сега опозицијата виде дека има многу фабрики и темата е „зошто се оди на роуд шоу“, зошто се трошат пари, зошто се прават технолошко развојни зони. Зоните се потребни бидејќи со нив се решава проблемот на невработеноста во Македонија и се зголемува извозот – рече Ставрески.
Како што истакна вицепремиерот Владата работи и мора да работи со сите можни инструменти да се донесат нови инвеститори и во секој град во Република Македонија да се отворат нови фабрики.
- Кога во Прилеп ќе дојдат Гентерм и ќе отворат 1.500 нови работни места, или во Кавадарци Дрекслемаер со 5.700 работни места, или во Штип Џонсон Контролс – сите тие отвраат работни места каде младите луѓе можат да најдат работа. Затоа ја повикувам опозицијата да се увери дека впечатокот на Македонија овие години е многу подобрен, бидејќи странските компании кои работат во Македонија и оние кои од надвор ја набљудуваат, го кажуваат тоа. Не е прашањето дали Владата смета така, туку самите инвеститори кажуваат дека Македонија е неспоредливо подобра земја за инвестиции денес во однос на тоа што беше пред 10 години – додаде Ставрески.
Ставрески посочи дека Владата и покрај сите предизвици успеала да ја намали невработеноста. Креирани се 133.000 нови работни места од кои само преку проектот „Македонија вработува“ кој се применува од април годинава се создадени 7.190 работни места или преку 300 работни места неделно , истакна министерот за финансии.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа