Пет фирми ќе се наддаваат за лиценца за вршење дијализа

Денеска во Министерството за здравство ќе се одржи јавно наддавање за добивање лиценци за вршење дијализа, со вклучени специјалистичко - консултативни прегледи  во мрежата на здравствени установи. На огласот беа доставени пет понуди од Метрополитен ДООЕЛ Скопје, АД Д-р Пановски, ОРКА Холдинг АД Скопје, СИЗ Вита дијализен центар - Тетово и Фрезениус Medical Care.

Јавното наддавање ќе почне во 15 часот за Реон 1, каде се предвидени 7 лиценци за регионот на Крива Паланка, Куманово, Делчево, Кочани, Гевгелија, Струмица и во Штип. Во 16 часот ќе почне јавното наддавање за Реон 2, каде е предвидено доделување 5 лиценци за регионот на Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и во Кичево. За Реон 3, со вкупно 5 лиценци за регионот на Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци и во Охрид, наддавањето ќе се одржи во 17 часот, а во 18 часот за Реон 4, кој го опфаќа скопски регион со седиште во Скопје.

Како што велат од Министерството за здравство, целта на огласот  е подигнување  на квалитетот и достапноста на здравствените услуги од областа дијализа за населението затоа што постојните здравствени установи што ја даваат таа услуга не го нуделе потребното ниво во однос на квалитет, простор, опрема и достапност.

Лиценца за вршење дијализа во мрежа на здравствени установи во Република Македонија се доделува за период од 20 години од денот на склучување на договорот.

Министерството за здравство Огласот го распиша на 27 мај годинава. 

најчитано сега