Продолжува судењето за Ровер: Љубе Бошковски ја напушти судницата

Денеска по трет пат беше закажано судењето за случајот „Ровер", за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев. Љубе Бошковски кој е еден од обвинетите, ја напушти судницата со изговор дека не сака да му суди судијата Илија Трпков и ќе чека предметот да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева, пишува 24Вести.

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда, бидејќи во неа имало низа пропусти и неутврдена фактичка состојба. Укинат е притворот на Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ и Гоце Митревски. Според пресудата Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци. Исто така, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци. По седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.
 
Инаку,Бошковски по трет пат седна на обвинителната клупа за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Претходно, тој доби 12 години затвор од првостепениот суд, но скопска Апелација ја укина пресудата и предметот го врати повторно на судење во основниот суд. 

 

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега