Еден од најтажните денови за Македонците: Тоше Проески наш вечен непребол

Денешниот датум, 16 октомври дефинитивно ќе биде запаметен како еден од најтажните датуми за Македонците. Скромното и талентирано момче кое се прослави со хитовите Пушти ме и Остани до крај, а беше на патот да доживее уште поголем успех и светска слава, загина во страшна сообраќајка на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска. Тоше имаше само 26 години.

Во кобниот миг во кој згасна неговиот живот, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg  коесо голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. 

Телото на Тоше кое беше донесено со хеликоптер на Армијата на Република Македонија, цела нација го пречека со солзи и тага. На аеродромот, неговото тело беше пречекано од неговите најблиски и од владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски. Во сите македонски градови и села се оплакуваше најомилениот естраден лик и македонска национална гордост. На плоштадот "Македонија" во Скопје, масовно се палеа свеќи, а народот спонтано излегуваше на улиците за да го пречека и испрати на патот до Крушево. По повод смртта на Тоше Проески, на главниот плоштад во Скопје се отворени книги на жалост, а илјадници скопјани оставаат пораки, палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалоста.

Постхумно Тоше бесе прогласен за почесен граѓанин на Македонија и беше погребан со највисоки почести. 

Денеска, осум години по неговата смрт, Македонија се уште жали по Тоше. Голем број естрадни уметници оставија емотивни пораки. 

Тоше, никогаш нема да те заборавиме!

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега