Почнува амандманската расправа за буџетот за 2016

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска по четири дена расправа го заврши општиот претрес за Предлог-буџетот за 2016 година. По редовната едночасовна пауза попладне во 15 часот Комисијата треба да почне амандманска расправа, пренесе МИА. 

За Предлог-буџетот за 2016 година  се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот  буџет  во матичната собраниска комисија.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега