Саздов: Владата сериозно го сфати извештајот од Прибе и е ангажирана во спроведување на донесениот акциски план

Денес во Собранието на Република Македонија се одржа комисиска расправа на Комисијата за надзор над работењето на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање при што присутни беа и Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и Директорот на Агенцијата за разузнавање кои што не информираа околу нивните надлежности односно спроведувањето на акцискиот план кој што Владата на Република Македонија го донесе веднаш по носењето на извештајот од Прибе и експертската група.

За жал голем дел од нашите прашања кои што беа покренати во рамки на дискусијата се прашања кои што се од затворен карактер односно имаат одреден степен на доверливост и Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање како носител на одреден дел од овие европски активности не беше во можност да ги информира за сето она што е досега спроведено и што ќе биде спроведено во иднина.

Но, затоа во понеделник ќе имаме нова седница на оваа Комисија која што ќе биде од затворен карактер и ќе можеме ние како пратеници кои што имаме законска надлежност да вршиме надзор над овие органи, да слушнеме од нив што е тоа што е сработено и ќе биде сработено во иднина во поглед на надминување на забелешките во извештајот на Прибе односно во спроведување на акцискиот план кој што го донесе Владата што покажува дека Владата навистина сериозно ги сфати овие забелешки и сериозно е ангажирана во спроведување на овој акциски план во однос на надминување на одредени предизвици со кои што како држава се соочуваме.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа