Настап на Градскиот дувачки оркестар утре во ГТЦ
Во Градскиот трговски центар, утре со почеток во 12 часот, концерт ќе одржи Градскиот дувачки оркестар со познатите „Чекорници“. Настапот на Градскиот дувачки оркестар се организира по повод 23 Октомври -Денот на македонската револуционерна борба.
Парадниот концерт ќе почне на влезот на Градскиот трговски центар, од страната на хотелот „Холидеј ин“ и ќе се движи кон плоштадот „Македонија“.
Членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:
- Младинска чекорница
- Вардаре македонски
- Патриотска чекорница
- Дикси парада
- Вашингтон пост марш
- 3.Македонска бригада
- Огномет на слободата
- Во спомен на Ваташа
- Работнички
- За сите деца
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, оркестарот настапувал на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани, давајќи им свечена нота.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа