Амбасада на САД: Ја охрабруваме Владата да продолжи со имплементација на реформите

Ниту поддршка ниту оградување од дипломатскиот кор во земјава по изјавите на Ван Хауте кои сите политички аналитичари ги оценија како мешање во внатрешните работи на Македонија. 
Сител вчера од американската амбасада побарал одговор на прашањето дали стојат зад позициите на Ван Хауте поврзани со одредувањето на датумот на избори. 

Од амбасадата за Сител не потврдииле дека стојат зад овие ставови на белгискиот олеснувач но изразија разочараност што од непсроведувањето на договорот на Пржино.

„Разочарани сме што партиите не го исполнија рокот од 20 октомври. Ја охрабруваме Владата да продолжи кон брза имплементација на сериозните реформи за воспоставување независни институции кои ќе овозможат утврдување одговорност за нелегалното прислушување и истражување на наводните неправилности кои произлегоа од него.
Ги охрабруваме македонските лидери да продолжат напредокот кој досега беше направен кон имплементација на договор од Пржино кој претставува најдобар излез од кризата кон одржување кредибилни избори во април идната година.
Партиите сега пропуштија клучен рок за да се договорат околу сериозните прашања поврзани со составот на Владата, заштитата на „свиркачите“ и заштитата на приватноста.
Се надеваме дека со продолжувањето на разговорите меѓу работните групи сите страни ќе ги стават интересите на државата на прво место, реафирмирајќи ја нивната посветеност на македонската евро-атланска интеграција.“ - стои во писмениот одговор на амбасадата. 

 

 

Оцени ја веста

23.10.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега