Грчката државна телевизија почна да емитува сигнал

 

Грчката државна телевизија ЕРТ од денеска повторно почна да емитува сигнал, откако пред еден месец беше затворена од Владата поради предвидените буџетски кратења.

Телевизијата не емитува програма, туку само логото и натписот „Грчка национална телевизија“.

Според заменикот-министер за јавни медиуми, тоа е привремено и новата телевизија наскоро ќе почне да емитува програма. Се очекува тоа да се случи на есен.

ФОТО: Дневник

најчитано сега