Тодоров: Да се почитува законот и да се казни неодговорното постапување

Не смееме да оставиме докторите да изразуваат револт против пациентите, затоа што сите пациенти не ги напаѓаат докторите. Ниту пак смееме да дозволиме да остане неказнето тоа што некој доктор крајно неодговорно постапил во определена ситуација. 

Ова го подвлече министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашното гостување на МТВ во емисијата „Од наш агол“.

-Ќе имаме реална ситуација и ќе имаме взаемно почитување, кога докторите ќе изразеа револт од начинот на кој што постапувал нивен колега и тоа јавно ќе го кажеа и ќе кажеа дека тоа е исклучок, тоа е спротивно на нивниот начин на функционирање на тоа како треба да се работи во здравството. Спротивно на она што го учеле и она што го знаат и на нивната заклетва, подвлече Тодоров.

Сепак, додаде тој, од друга страна, пациентите требаше да изразат сериозен револт затоа што доктор е нападнат со огнено оружје.

-Не смееме да оставиме докторите да изразуваат револт против пациентите, затоа што сите пациенти не ги напаѓаат докторите. Ниту пак смееме да дозволиме да остане неказнето тоа што некој доктор крајно неодговорно постапил во определена ситуација. Затоа јас инсистирам да се почитува законот, подвлече министерот.

И едните и другите, заклучи Тодоров треба да се казнат, оти само на тој начин овие екстреми ќе се отстранат и чинителите во здравствениот систем ќе  постапуваат со должно внимание и почитување еден кон друг.

 
 
17.11.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега