Поминале ли двајца од терористите низ Македонија?

Откако полициите во Србија и Грција потврдија дека осомничениот извршител на самоубиствениот напад во Париз поминал низ териториите на нивните земји регистрирајки се како бегалец од Сирија, македонското МВР останува без одговор. МВР сеуште утврдуваат дали 25 годишниот Ахмед Алмухамед се пријавил во транзитниот центар во Гевгелија или на Табановце, јавува Сител.

-Министерството за внатрешни работи врши проверки дали лицето за кое се интересирате остварило влез во Република Македонија. Имено се вршат рачни проверки во евиденцијата, од причина што многу од лицата се јавуваат со исти или слични генералии, стои во одговорот испратен на прашањата на Сител.

Ахмед Алмухамед или идентитетот запишан во сирискиот пасош пронајден до телото на еден од терористите кои ја активираше бомбата поставена на своето тело ноќта во петокото во близина на Стад де Франс на трети октомври бил регистриран на грчкиот остров Лерос, а на седми минатиот месец се пријавил во Прешево од каде заминал за Хрватска.

Грчките медиуми вчера пишуваа дека нивните безбедносни служби како логистичар го сомничат и Мохамед Алмухмед кој заедно со Алмухамед патувале од Грција.

 

 
 
18.11.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега