ФОТО: Погледнете каво чудовиште застрелаа овие ловџии од Кичево

Вистинско чудовиште уловиле група ловџии од Кичево. Минатиот викенд тие во месноста Гавранов Камен во селото Речани застрелале див вепар тежок неверојатни 300 килограми, пренесува Нова Македонија

Со лов се занимавам повеќе од половина век, но ваква ловина досега не сме имале, бидејќи нашето друштво во неделата успеа да застрела див вепар капиталец, што кога го измеривме, верувале или не тежеше над  300 кг. Сме ловеле диви свињи со тежина и до 200 кг. , но, со вакво чудовиште никогаш и никому од нашиот регион не му се случило да се врати дома. Дури не сме слушнале дека ваков горостас е застрелан и во поширокиот регион – вели за Нова Македонија Даме Петрески, член од друштвото на Томе Кузманоски, долгогодишен ловџија од Кичево.

 
 
18.11.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега