ФОТО: Еве доказ дека Царовска не е вработена во МТСП

Доказите ја разбија лагата на новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски. За шеф на кабинет Ременски вели дека ја поставила Мила Царовска, која воопшто не е вработена во министерството. Ова се елементарни непознавања на процедурите и груба злоупотреба.

Непрофесионално, несовесно и неуко работење на новата министерка. За Царовска да се назначи за шеф на кабинет треба да се истера постапка, има закон, ред и процедури кои не се испочитувани.  

Фактите целосно ја разобличуваат Ременски. За да се вработи некој во минстерството потребна е согласност, оглас, постапка, договор, па потоа да се назначи за шеф на кабинет.Проблемот во овој случај е што не се почитува законот, не може невработено лице да има пристап до службени информации. Документ од Агенцијата за вработување покажува дека Царовска не е вработена во МТСП.

Ова се елементарни непознавања на процедурите и груба злоупотреба, за која вчера реагираше и заменик-министерот Диме Спасов.

-Јавноста бара конкретни одговори за вашиот атак на нивната приватност, а вие одговарате зборувајќи за апстракт. Тоа не може да ви помине ниту да ви помогне. Јавноста знае дека дадовте наредба чесни професионалци да бидат цензурирани од партискиот човек Мила Царовска која не е вработена во министерството. Тоа вие го дадовте како наредба и вие ја сносите политичката и моралната одговорност за таквиот срамен чин. Неискуството кое го имате во управување со институција го разбирам, но тоа не е и никако не може да биде оправдување на обидот за кршењето на човековите права кој го направивте, вели Спасов во пораката до Ременски.

 
 
18.11.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега