Потресно сведоштво на мајката на Мери Јошевска: "Му нема спас од божјата рака"

Десет адвокати нека го бранат, но од божјата рака нема да се спаси. Потресно сведоштво во скопскиот кривичен суд на Јелица Јошевска. 22 години по убиството болката кај мајката на Мери Јошевска не поминува, пишува Сител.

Додека челновите на семејството на Мери зборуваа пред судот, Миле Хаџиски кој е обвинет дека ја усмртил со 40 убоди со два ножа во 93 та со надевната глава и поглед кон подот ги слушаше нивните зборови.

Нема цена која може да ја плати загубата на нејзината ќерка, Јелица се откажа од побарувањето на оштета.

- Оштетата ја сметам за нешто гнасно, од таа страна се е прљаво и не ми треба ништо. Да беше моја и зградата ќе му ја подарев само мојата ќерка да останеше жива,  рече Јошевска и додаде- Што да кажам, додека моето чедо беше под земја тој беше на слобода и контактирал со своето семејство.  Крвникот не викнал ниту брза помош туку откако ја избодел крадел, се накитил и заминал да прослави во кафиќ. Да повикал помош мојата ќерка ќе беше жива.

Ниту еден од сведоците не се појави во судница, а судијката завршните зборови од повторениот процес за случајот ги закажа за девети идниот месец. 

 
 
19.11.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега