Анкета на ИРИ: Се подобрува квалитетот на живот во Македонија - граѓаните сметаат дека невработеноста е на историски најниско ниво

Се менува перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот во Македонијапокажува последната анкета на ИРИ. 14% од анкетираните граѓани сметаат дека кавлитетот на животот во земјава се подобрува. Во споредба со последната анкета од јуни годинава, перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот пораснала за 3 процентни поени. 
Се намалува и бројот на граѓани кои сметаат дека се влошува квалитетот на живот како и бројот на граѓани кои сметаат дека тој останува ист.
Во споредба со анкетите од минатите години, последната анкета на ИРИ покажува дека позитивно на прашањето дали се подобрува квалитетот на живот одговориле најголем број граѓани во последните 5 испитувања најавното мислење. 

Рекордно високо мислење на граѓаните и за намлувањето на невработеноста. Дури 45% од анкетираните сметаат дека во последната година се намалила невработеноста. Во споредба со минатите анкети, ова е историски највисок процент на граѓани кои сметаат дека невработеноста се намалила во последната година.
Значително се намалил и бројот на граѓани кои сметаат дека се зголемува невработеноста. Од 50% на анкетата во јуни на 46% во оваа анкета.

 
 
19.11.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега