Тодоров: Се намалува стапката на доеничка смртност

Во пакет мерки Министерството за здравство планира до 2020 година да ја намали доеничка смртност за една третина.

-Стапката на доеничка смртност во Македонија се намалува. Според податоците во 2004-та стапката на доеничка смртност била 13,2 промили, а во 2014 9,9 промили. За споредба оваа стапка во времето на Југославија, во Македонија изнесувала 31,6 промили, истакна денес министерот Никола Тодоров

Целта на пакетот мерки е до 2020 година да се намали процентот на доеничка смртност на максимум 6,5 промили, како и да се унапреди здравствената заштита на мајките и децата.

 
 
19.11.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега