Лашкоска: Задоволство е да се гледаат стотици луѓе кои што одат на своите работни места

Пратеничката Ане Лашкоска од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реплика кон пратеникот Бетијан Китев од СДСМ му нагласи дека тој е среќен човек бидејќи доаѓа од Кавадарци, град кој што денес има сосема нов лик за разлика од порано кога СДСМ беа на власт.

Колега Китев, она на кое што многу малку се задржавте на својот роден град односно на Кавадарци, укажува дека навистина Владата има направено многу за Кавадарци. Дали знаете дека сте навистина среќен човек. Среќен сте затоа што доаѓате од Кавадарци, градот во кои што последниве години има навистина друг лик. До пред неколку години Кавадарци беше мртов град. Пред три недели бев во Кавадарци и навистина беше задоволство  да се гледаат стотиците луѓе како се упатуваат кон своите работни места. Во вашиот град функционираат и странските и домашните компании и вие го знаете одговорот зошто е ова така. Ова е така зошто економските политики се добри и истите остануваат врвен приоритет во иднина, посочи Лашкоска. 

 
 
19.11.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега