Св. маченик Јерон одбил да служи војска бидејќи не сакал да убива Христијани

 

Денеска православните Христијани го слават Св. маченик Јерон со дружината или св. 33 Мелитински маченици.

Овој Јерон беше кападокиец. Мајка му беше слепа и тој ја гледаше со голема љубов. Не сакајќи да ја остави сама, а и бидејќи беше ревносен христијанин, па не сакаше да им принесува жртви на идолите, кога дојдоа царевите слуги да го земат во војска, тој ги истепа и ги истера. Затоа подоцна го фатија и заедно со некои други христијани го одведоа во Мелитина. Таму сите беа изведени на суд, а откако не се откажаа од Христа, беа мачени и најосле погубени. Овие 33 маченици пострадаа за Христа во 298 година.

 
 
20.11.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега