Револтираните мигранти на македонската граница си ги зашиваат устите со игла и конец

Пред два дена еден од нив се обиде да се самоубие односно обеси, а денес почнаа со конец да си ги зашиваат усните со игла и конец, пишува Канал 5.

 

Полуголи со транспаренти извикуваа и утрово: Ние не сме убијци и терористи, сакаме слобода, Отворете ги границите. 

На Каменост 59 и денеска утрото осамна со догорените огнови и се побројните шатори на мигрантите од кој најмногу во моментов ги има од Иран, но ништо помалкубројни не се ниту и оние од Бангладеш,Сомалија,Алжир и Пакистан.

Грчките власти им обезбедиле транспорт да се вратат назад, некои од нив повеќето со деца се вратиле доцна синоќа, но бројот не им се намалува односно постојано доаѓаат нови групи, јавува Канал 5.

 
 
23.11.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега