Погледнете какво време не очекува во текот на оваа работна недела

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе изнесуваат од 4 до 11, а максималните од 10 до 18 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини со повремен снег. Во среда на повеќе места, се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.

 
 
23.11.2015 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега