Бизарна несреќа во скопска Железара: На скопјанец му ги ампутираа прстите

Бизарна несреќа се случила во текот на вчерашниот ден во скопската населба Железара, каде вработен во „Арцелор Миттал Стил“, се повредил додека работел. Во 8 часот и 45 минути од болница било пријавено дека бил донесен 39-годишниот С.Ц. од скопското село Кучевиште, кој извршувајќи работни задачи во наведената фирма, се повредил кога на раката му паднала количка која била подигната со кран. Од страна на лекар на Славиша му се констатирани тешки телесни повреди и му се ампутирани два прста показалец и среден прст.

 
 
26.11.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега