ФОТО: Уште еден среќен добитник на Државна Лотарија

Денес, на Ден на дрвото, добитничката на првиот автомобил VWPASSATод инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА, заедно со Марјана и Иџе и тим од Државна лотарија на Македонија, Порше Македонија и Мотоцентар, со својот нов автомобил ги посети просториите на Мотоцентар каде се организираше ден за дарување и садење.

Автомобил VWPASSAT го доби својот подарок - сет зимски гуми од Мотоцентар, а паркот пред Мотоцентар доби ново зимзелено дрво кое го насадија Марјана, Иџе и добитничката Ирена Стојановска.

 

Бренд амбасадорот на Мотоцентар - Иџе Стефановски, предавајќи го подарокот, изјави дека заедно со тимот на Мотоцентар учествувал во изборот на зимски гуми од брендот NOKIAN и и пожела на Ирена среќно, безбедно и сигурно возење во зимски услови. Директорот на Мотоцентар Горан Гроздоски изрази задоволство од досегашната соработка со Порше Македонија и почетокот на соработката со Државна лотарија на Македонија, по основ на инстант лозот Среќни тркала, истакнувајќи дека Мотоцентар секогаш стои зад создавање дополнителни вредности.


 Инстант лозот Среќни тркала има уште 6 (шест) добивки автомобили кои ќе бидат дополнително опремени со сет зимски гуми од асортиманот на Мотоцентар. Добитничката на првиот автомобил VWPASSATповторно им порача на сите оние кои играат и не играат инстант лотарија, да не ја губат надежта и да трагаат по својата среќа играјќи ги игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. 

 
 
02.12.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега