Кинезите ќе учат македонски јазик

Од следната година на Универзитетот за странски студии во Пекинг ќе започне со работа катедра по македонски јазик, пишува МИА.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу ректорот на скопскиот Универзитет, Велимир Стојковски и делегацијата од Универзитетот за странски студии во Пекинг, која престојува во посета на Македонија.

Во рамки на посетата, претставниците од Кина го посетија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кој функционира во рамки на скопскиот Универзитет.

 
 
10.12.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега