Грижата на дело: Исплатени 10.863.112 денари за штетите од поплавите во Струмица

Владата денеска исплати 10. 863.112 денари на 146 лица како отштета од поплавите во Струмица.

Како што соопшти Министерството за финансии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 314.512.163 денари на 2.861 лице отштетено лице од поплавите што се случија годинава.

Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци, Битола, Прилеп, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, Штип, Охрид, Чешиново, Облешево, Градско, Радовиш, Карбинци и Македонска Каменица.

Владата, како што се наведува во соопштението, и понатаму ќе продолжи со исплатата на отштетите од поплавите. 

 
 
10.12.2015 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега