На Македонија и треба твојата идеја: Четири трибини на ВМРО-ДПМНЕ

 

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се одржат четири трибини како дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”.

Првата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во Домот на култура во Дебар, а втората трибина ќе се одржи во 20:30 часот во Дом на култура во Ростуше.

На овие две трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Третата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во Пласница, а четвртата трибина ќе се одржи во 20:30 часот во Дом на Културата во Долнени.

На овие две трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
10.12.2015 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега