Спасов: Ние сме партија која ветува и ги реализира идеите

На вечерашната трибина на ВМРО – ДПМНЕ во Дебар присуствуваше и заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов.

Спасов истакна дека се присутни да ги слушнат идеите на граѓаните, да ѓи анализираат и да ги вментат во новата програма на ВМРО – ДПМНЕ.

-Тука сме да ги слушнеме вашите барања и да го зададеме финалниот удар на неконструктивните политики на СДСМ. Ние сме партија која ветува и ги реализира идеите, вашиот глас е глас за народот и тоа го правиме во овие девет години и затоа имаме двојно поголем рејтинг од нашите опоненти. Од друга страна имаме политичка структура која со измислени афери и со неработење сака да ја оцрни Република Македонија. Сите избори ги добиваме како резултат на чесниот пристап на граѓаните, со макотрпна работа, истакна Спасов.

Тој најави дека оваа Влада ке продолжи со мерките за вработување и истакна дека само во дебар како резултат на владините мерки отворени се преку петстотини работни места.

 
 
10.12.2015 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега