Прославата на Богојавление Водици- дел од туристичката понуда на Охрид

По повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.

Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка со хотелско- угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.

Зимската туристичка понуда  во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите која по своите духовни и верски вредности ги надминува локалните и регионални граници и го привлекува вниманието на голем број верници, гости, туристи и посетители.

Партнерската соработка помеѓу локалната самоуправа, туристичкиот еснаф и верските заедници придонесува кон натамошна афирмација на традицијата и зголемување на интересот на угостителските субјекти од градот за креирање на привлечни понуди и ценовни прилагодувања за сите заинтересирани гости во деновите на прославување на манифестацијата.

Креираните понуди на претставниците на туристичко – угостителскиот сектор ќе бидат објавени на официјалната веб страна на општина Охрид со што ќе достапни за сите граѓани, потенцијални посетители и домашните и странски агенции.

 
 
16.12.2015 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега