Земјоделците од Иванковци му порачаа на Николовски: Ние сме задоволни од оваа Влада

Земјоделците од велешко Иванковци се задоволни од откупните цени на тутунот, велат дека цените се реални и дека соодвестуваат со квалитетот на понуденото. Тие му порачуваат на заменик-министерот од СДСМ Љупчо Николовски кој беше во посета на селото дека се задоволни од актуелната Влада и нема потреба да има компликации.

Тутунарите од Иванковци велат дека по однос на квалитетот и квантитетот, цените за откуп се реални и се задоволни со истите и покрај тоа што оваа година временските услови не им беа наклонети.

-Ние сме задоволни од оваа Влада, особено земјоделците. Ова село исклучително со земјоделие работи, има доделено 80 трактори, а целата земја е доделена, сите си работат и се задоволни. Субвенциите ги даваат. Заменик министерот беше во Иванковци но не замина кај нашиот откупен пункт. Ние сакавме да му порачаме дека ние сме задоволни од оваа Влада и нема потреба да има компликации.

-Според квалитетот на тутунот јас сум задоволен. Ние сме земјоделско село, 90% од населението се занимава со земјоделие. Тутунот е една од основните култури кои се работат во Иванковци  така да мислам дека и другите би требало да бидат задоволни од моментална состојба во земјоделието, со субвенции со поддршка за рурален развој, механизација. Ние сме едно од селата кои имаат доста искористено.

-Оваа година имам 150 килограми тутун, немаше дожд и моментално цената е реална според тутунот овде. Немаше дожд, а по тоа нема ни килажа тутунот.

-Спрема годината и сушата мал е родот. Субвенциите ги добивам навреме а цените се исти како мината година.

Инаку исплатата на првите откупени количества започна минатата недела, а откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот.

 

 
 
16.12.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега