Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Повеќе облачност ќе има во јужните делови од земјата. 

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје, слично време, наутро со намалена видливост, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе преовладува тивко и стабилно време. За време на викендот наутро ќе има магла, а во текот на денот дневните температури ќе бидат во благ пораст.

 
 
16.12.2015 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега