СДСМ останува против администрацијата- не отстапува од „јадењето живи луѓе“

Дополнителниот заменик министер од СДСМ Александар Кирацовски не се огради од изјавите на неговиот лидер Зоран Заев кој најави тортура врз административците кои СДСМ ќе ги процени за неподобни.

Вториот човек во Министерството за Информатичко Општество и Администрација во својот прв настап пред камерите не отстапи од дискурсот на Зоран Заев и СДСМ според кој администрацијата која не е по мерак на Заев ќе биде бркана од работа.

 „Да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме. Ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат.“, рече Заев и додаде како СДСМ планира да се однесува кон вработените административци:

„Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски. Од хигиеничар до министер. Во секој ресор во државата, и така имаме намера да ја водиме Република Македонија. Да им кажете исто така, беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме “

Покрај тоа што Кирацовски премолчи да ги коментира најавите на Заев за административците, во својот прв јавен настап после стапувањето на функција не покажа особени познавања и барем минимална сериозност од доменот на неговата работа.

 Кирацовски на денешната прес-конференција и покрај големата желба да остави впечаток, ја промаши темата и имаше неславен почеток на кариерата како технички назначен дополнителен заменски министер.

 Потпретседателот на СДСМ презентираше сериозно незнаење и неинформираност за проблематиката од неговиот ресор.

 Кирацовски бараше оценувањето на административните службеници за 2015 да не важи, иако требаше да знае дека и без неговото барање истото нема да важи бидејќи се работи за пилот-проект.

Желбата да се докаже како активен после месец дена премолчено делување во министерството била поголема од обврската да ги следи медиумите и новитетите од неговиот ресор, како и интервјуата на неговиот надреден министер.

 Токму неодамна министерката Марта Арсовска – Томовска во интервју уште еднаш повтори дека оценувањето на администрацијата оваа година има статус на пилот-проект.

 
 
16.12.2015 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега