Каква ќе биде новата цена на горивата пред Нова Година?
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, цената на нафтата се намалува за 2 денари по литар. Ова беше одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, минатиот понеделник.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 62,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 64,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.
Останува да видиме дали ќе има ново намалување пред Нова Година на цената на горивата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа