НОВИ ДЕТАЛИ: Страшна сообраќајка на патот Куманово-Скопје

Четворица цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово – Скопје.

Сообраќајката се случила во 7 часот и 15 минути по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.

Двајца од повредените се префрлени во Градската општа болница „Наум Охридски“, а двајца на Клиничкиот центар во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор.

На местото на несреќата се врши увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.

 
 
30.12.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега