Хаос поради невремето: Кичево без струја

Невремето проследено со дожд и силен ветер што синоќа го зафати Кичево и кичевскиот регион, ги остави без струја повеќе од 12 часови поголемиот дел од градското подрачје и околните места.

Како што информира портпаролот на ЕВН Влера Ѓакова, јужниот дел од градот Кичево е без електрична енергија, како и населените места во поранешните општини Другово и Зајас. Екипите на ЕВН се на терен и поголемиот дел од дефектот е отстранет и во моментов се работи на санирањето на 10kW далновод кон Македонски Брод и околните села.

Покрај прекинот на електричната енергија, силното невреме предизвика и голема матријална штета на многу домаќинства особено во руралните средини.

 
 
12.01.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега