Заев се пожали во непријателската Канал 5: Не ме даваат на телевизија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше гостин во вестите на Канал 5

За сериозни теми одговараше несериозно и имаше бледа телевизиски настап.

Говорејќи за медиумите, Заев само уште еднаш докажа дека тој не се залага за слобода на медиуми, туку бара лично да се вмеша во уредувачката политика на медиумите. Така, тој во интервјуто изјави дека му било криво што премиерот Груевски многу го имало на телевизија.

Тој на уредничката на Канал 5 и посочи дека точно изброил колку пати на телевизијата бил пуштен предновогодишниот говор на Груевски и се пожали дека малку го дале него иако телевизијата го објавила и обраќањето на Зоран Заев.

-Од 31-ви до 3-ти го давате Никола Груевски 10 пати.  10 пати за три дена да се даде премиерот? Каде што ја сатанизира опозицијата, рече Заев.

Говорејќи за договорот од Пржино, Заев истакна дека имал доверба во Катица Јанева. Специјалната јавна обвинителка со сите свои превземени чекори досега покажа дека работи како продолжена рака на СДСМ, па изјавата на Заев дека и верува беше помалку и смешна.

 
 
12.01.2016 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега