ВИДЕО: Прилепчани си купиле тросед - во него нашле жива змија

Потрагата по изворот на неподносливата реа која започнала да се шири во домот на семејството Пејоски откако ја купиле новата гарнитура за седење, ги довела до фрапантно откритие. Во новата гарнитура, ни едно, ни друго, туку откриле жива змија, јавува Сител.
 
Вчудоневидени од глетката и под силен стрес, тие веднаш се обратиле кај производителот, а побарале и инспекциска и правна помош. Во меѓувреме, сега веќе мртвата змија ја чуваат  како доказ.
 
Откривањето на зимјата предизвикало и сериозни здравствени проблеми кај  домаќинката која панично се плаши од змии, а во ништо подобра ситуација не се ни помладите членови на семејството. Пејоски очекуваат дека со овој, помалку морбиден настан, освен надлежните структури ќе се позанимава и Здружението за заштита на правата на потрошувачите
 
 
ВИДЕО: Сител
 
 
12.01.2016 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега