Метеоролозите предупредуваат: Снежна бура доаѓа кон Скопје - ќе навее до 35 сантиметри

Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Accuweather.
Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скпоје во периодот за викендот.

Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната  од 5 до 11 степени.

 

Во Скопје утре променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува умерен западен ветер со температури од 4 до 9 степени.

За во четврток ќе има преодно стабилизирање . Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.

НА подолг рок метеоролозите редвидуваат дека идната недела ќе биде навистина студена.

 
 
12.01.2016 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега