Капитални проекти ќе се градат во Охрид годинава

До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е околу 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат.

Според најавите треба да се градат нова ‘’Марина’’, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште од Канео, ‘’Конгресен центар’’, како и нов објект за ‘’Дом на култура’’. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен ‘’Зелен Пазар’’, нова современа ‘’Авотбуска станица’’, како и ‘’Дом за стари лица’’, серијата инвестиции која почнува да се реализира ги решава потребите на Охрид од овие капитални објекти за следните 30 до 50 години.

-Морам на почеток да кажам дека овие инвестиции се реализираат со заложба на премиерот Никола Груевски, кој силно се залагаше да се обезбедат овие инвестиции во Охрид со што градот го заокружува циклусот на инвестиции во капитални проекти и реално ги заокружува потребите на градот за наредните три до пет децении од ваков вид на објекти, изјави за Охрид1 градоначалникот Никола Бакрачески.

Општина Охрид до сега ја обезбедила Урбанистичката планска документација, како и сите потребно документи за почеток на градба на  зелениот пазар, автобуската станица, како и за домот за старите лица, а во моментов општината треба да обезбеди урбанистичка планска документација за конгресниот центар и катните гаражи. Министерството за транспорт и врски треба да ја обезбеди документацијата за марината, пешачката патека и новиот објект за домот на културата.

-Конгресниот центар и една од двете катни гаражи ќе се инвестиции на ЕЛЕМ, а во другата катна гаража ќе инвестира ‘’А.Д. за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Република Македонија’’.  МЕПСО ќе инвестира во марината и пешачката патека од пристаништето до Канео, која од Канео ќе се поврзе со плажата Лабино, но во тој дел по земјен пат, вели Бакрачески за Охрид 1.

kapitalni investicii

Градоначалникот и премиерот имале интензивна комуникација пред крајот на минатата и почетокот на оваа година токму на овие теми, за овој позамашен список на инвестиции кој значајно ќе го промени Охрид, но ќе има и влијание врз локаланта економија во периодот додека се градат објектите.

Со градењето на овие објекти се затвора целиот циклус на инвестирање во инфраструктурни проекти, се исполнува целата предизборна програма со која актиелниот градоначалник Никола Бакрачески и владејаќката ВМРО ДПМНЕ настапија пред Охрид , а доколку се погледнат инвестициите во другата инфраструктура, се прави и многу повеќе од ветеното, бидејќи во тек е целосното заокружување на реконструкцијата на крстосниците на Булевар Туристичка со кружни текови, се гради пешачката патека кај Студенчишта, а во 2016 та ќе се реконструира целиот Кеј Македонија, а реконструирани ќе се и патеките околу каналот Студенчишта.

Доколку се собере вкупната вредност на инвестициите во Охрид (без инвестициите во приватниот сектор) тие најверојатно надминуваат 55 милиони евра, или се поголеми од висината на долгот кој админситрацијата на Бакрачески го наследи во моментот кога дојде на власт. Ако се земе во предвид податокот дека долгот е намален за околу 4 милиони евра, а на тоа се додадат десетиците милиони евра инвестиции од страна на приватниот бизнис кои не се пворзани со општината, веројатно инвестицискиот циклус ќе го надмине долгот за десетина милиони евра.

 

 
 
12.01.2016 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега