И на Василица се меси лепче со паричка - ова се обичаите за овој празник

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утревечер ќе ја пречекаат Православната или Стара нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. 

Старата година  ќе биде испратена и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили. На Василица  верниците кои се водат по овој календар кршат лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. 

 

 

 

 

 
 
12.01.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега