Пакетчиња за децата што го посетуваат Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација
По повод новогодишните и божикните празници, претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и на нивните деца, кои го посетуваат центарот, им подарија 20 новогодишни пакетчиња.
За време на посетата, децата во едукативна работилница изработија честитки со искрени желби за Новата година.
Центарот е отворен во септември 2012 година и работи секој ден од понеделник до петок, од 11 до 16 часот. Во Центарот најголема помош добиваат лицата кои употребуваат дроги, преку психосоцијална поддршка од психолог и психијатар, образовни и советодавни активности и активности за креативно изразување, со цел поддршка во процесот на рехабилитација.
Во Дневниот центар се работи со семејствата на лицата кои употребуваат дроги и со нивните деца. За децата е обезбедена педагошка и психосоцијална поддршка, со цел поддршка во нивниот развој и поттикнување на креативниот потенцијал.
Во Програмата на Центарот за рехабилитација и ресоцијализација на лица кои употребуваат дроги и нивните семејства се опфатени 120 лица, а Дневниот центар го води Здружението ХОПС – Опции за здрав живот.
За поддршка и реализирање на програмата во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација од Буџетот на Град Скопје за 2015 година беа издвоени 800. 000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа