ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски призна дека не постоеле никакви посериозни забелешки во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список

За ВМРО ДПМНЕ е прифатлив кој било европски модел на Закон за медиуми кој ќе биде предложен од страна на СДСМ или Питер ван Хауте.

Вака од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја коментираат вчерашната изјава на потпретседателот на СДСМ и член во работната група, Дамјан Манчевски, кој рече дека тие се подготвени да отстапат од своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список доколку останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА го прифатат предлогот за медиумите.

–Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата врз медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ВМРО- ДПМНЕ и останатите учесници во преговорите, тогаш тие не сакаат во Македонија да имаме фер и демократски избори, изјави Манчевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со вчерашната изјава Манчевски признал дека не постоеле никакви посериозни забелешки во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список која што беше предложена од ДИК.

-Изјавата и практично доказ дека СДСМ тенденциозно го блокирале процесот со намера да ги пролонгираат и пробијат роковите и крајна цел да избегаат од избори. Уште поскандалозно е што Манчевски потврди дека СДСМ и натаму ќе се обидува да го покрива стравот од соочување со народот со нови непринципиелни уцени, коментираат од владејачката партија.

ВМРО ДПМНЕ потенцира дека за нив е прифатлив кој било европски модел на Закон за медиуми кој ќе биде предложен од страна на СДСМ или Питер ван Хауте.

 
 
28.01.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега