Денеска е голем празник: Овие две работи никако не смеете да ги направите

На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин.

Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.

Овие вериги денес се чуваат во црквата Свети Петар во Рим. Се верува дека не овој ден не треба да се купува или шие ново одело бидејќи оној кој ќе го направи тоа ќе го удри гром. 

Исто така, со овој дене поврзано верувањето дека ѕверовите од планините и шумите не ги напаѓаат луѓето.

Денеска на Чесни вериги на Светиот апостол Петар не треба ни да се работи тешка физичка работа.

 

 
 
29.01.2016 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега