Димовски: Нема да има пазарење за слободата на медиумите

Нема да се прифати несериозната понуда на СДСМ за пазарење со слободата на медиумите и избирачкиот список, вели во емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој смета дека договор треба да има, но не преку газење на демократските принципи и европските вредности.

ВМРО-ДПМНЕ, вели Димовски, и натаму бара усвојување на кој било европски закон за регулирање на медиумската сфера.

-Ако има нешто добро во однесувањето на СДСМ,  тоа е конечното признание  дека избирачкиот список е во ред и дека во изминатите  4, 5 години, тие непотребно ја малтретираа јавноста со нивните небулозни тврдења за наводни фантомски гласачи, вели  Димовски.

Во врска со изборите Димовски е дециден – Собранието донесе одлука да се распушти на 24 февруари,а изборите ќе се одржат на 24 април, и од тоа нема отстапка.

Целото негово гостување во РСМ погледнете го во продолжение

 
 
29.01.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега