Детската клиника доби апарат за аплицирање на цитостатска терапија

Апарат за аплицирање на цитостатска терапија кај деца со малигни болести доби денеска Одделот за онкологија и хематологија во Клиниката за детски болести, пренесе МИА.

Станува збор за инфузиомат од најновата генерација на пумпи за дозирање и пласирање на мали дози на цитостатска терапија кај деца.

Вредноста на апаратот, кој е донација од компанијата Новартис, е 171.100 денари.

Директорот на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и рече дека такви апарати секогаш недостасуваат особено на Одделот за онкологија и хематологија каде имаат еден континуитет ако не и благ пораст на пациенти со малигни болести.

– Со него се олеснува апликацијата на цитостатската терапија која мора да се дава во одредени дози на одреден период и овие апарати токму тоа го овозможуваат, додаде Софијанова.

 
 
29.01.2016 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега