Димитриев: Никој не смее да прави притисок за гласање врз никого, никој никому не смее да забрани да се појавува во јавноста

Никој не смее да прави притисок за гласање врз никого и ако постои и се докаже такво нешто таа личност мора да биде и  ќе биде санкционирана, порача премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по средбата со амбасадорите на САД и ЕУ.

Тој се осврна на поенти од аспект на заплашувања и притисоци, но и за мешањето на партијата и државата.

-Никој не смее да прави притисок за гласање врз никого и ако постои и се докаже такво нешто таа личност мора да биде и  ќе биде санкционирана. Никој никому не смее да забрани да се појавува во јавност на било какви настани, и мешањето на партијата со државата како флоскула не смее да се вулгаризира до таа мера што сите ќе треба да заборавиме дека генералниот секретар на СДСМ е министер за внатрешни, а генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е премиер на Владата за организирање на изборите на 24-ти април. Дали некој присуствува на некој настан на отварање на проект или мерка која тој ја предложил и работел на нејзина реализација е право дали тој што го организира настанот ќе го покани и е елементарно право на секого. Јас би бил најсреќен кога би имало многу проекти низ државата на кои заедно би се појавувале и лидерот на најголемата партија и лидерот на опозицијата, затоа што во сета оваа криза и деструкција како да се подзаборави дека основна работа на политичарите е да создаваат дела и проекти за народот, да предлагаат мерки и реформи, да го подобруваат животот, а не да создаваат кризи и да бидат дел од разни завери и да размислуваат само како да наштетат нешто наместо да создадат нешто, рече Димитриев.

Димитриев порача дека остануваат посветени на заложбите и обврските и смета дека со сигурност ќе се создадат услови за фер избори.

 
 
29.01.2016 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега