АМСМ соопштува важна вест за возачите
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла изутринава на повеќе патни правци низ Македонија има намалена видливост, соопшти АМСМ.
Намалена видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – Миладиновци, Катланово – Скопје, Македонски Брод – Кичево и од 100 – 150 метри на патниот правец Катланово – Велес.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа