Германскиот државен министер во понеделник во Македонија

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни  работи  на  Германија, Михаел Рот на 1 и 2 февруари ќе  ја  посети Македонија, соопшти Германската амбасада во Скопје.

- Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија, стои во соопштението.

Преевидено државниот министер Рот да учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

 
 
30.01.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега